Столтенберг: Над 20 сојузници на НАТО ќе потрошат најмалку 2 отсто од БДП за одбрана
Повеќе од 20 членки на НАТО ќе издвојат најмалку два процента од БДП за одбраната оваа година, изјави генералниот секретар Столтенберг...

Повеќе од 20 членки на НАТО ќе издвојат најмалку два процента од БДП за одбраната оваа година, изјави генералниот секретар Столтенберг.
На состанокот во Белата куќа со претседателот Џо Бајден, шефот на Алијансата рече дека европските сојузници и Канада се засилуваат и го преземаат својот дел од заедничката одговорност.
Во екот на војната во Европа, НАТО разговара и за дополнително распоредување нуклеарно оружје поради заканите од Русија и Кина. Кремљ коментира – најавата на Столтенберг значи ескалација на тензиите.
Самит на НАТО ќе се одржи во Вашингтон идниот месец кога Алијансата одбележува 75 од сојузот.
