Израел
Жестоки протести во Израел
18.06.2024 09:31
Илјадници луѓе демонстрираа пред зградата на израелскиот Парламент во Ерусалим, повикувајќи на предвремени избори и ослободување на заложниците од Газа...

Илјадници луѓе демонстрираа пред зградата на израелскиот Парламент во Ерусалим, повикувајќи на предвремени избори и ослободување на заложниците од Газа.
Полицијата се судри со толпата пред приватната резиденција на израелскиот премиер Нетанјаху, има повредени и уапсени. Властите употребија водени топови.
Претходно, израелската армија соопшти дека уништила околу половина од борбените сили на Хамас во Рафах, а ликвидирала најмалку 550 вооружени луѓе.
