Свет

Продлабочување на односите меѓу Русија и Северна Кореја

18.06.2024 10:33

Рускиот претседател непосредно пред возвратната посета на Пјонгјанг, и се заблагодари на земјата за поддршката во борбата против Украина. Вашингтон и Сеул изразија загриженост...

Се продлабочуваат односите меѓу Русија и Северна Кореја. Рускиот претседател непосредно пред возвратната посета на Пјонгјанг, и се заблагодари на земјата за поддршката во борбата против Украина. Вашингтон и Сеул изразија загриженост. По Северна Кореја, Путин заминува во посета на Виетнам. На фронтот во Украина жестоки битки. Киев и Москва разменија дронови изминатото деноноќие. Зеленски вели дека постепено ги туркаат руските војници од Харков.

„Нашите сили постепено го туркаат окупаторот од регионот Харков. Му благодарам на секој воин и на секоја единица што ги исполнува задачите. Сега нема паузи. Го направивме првиот опиплив чекор кон мирот – со невидено единство на земјите низ светот“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.