Израел

Израелски напад врз бегалски камп во Газа

18.06.2024 10:36

Израелската армија соопшти дека уништила околу половина од борбените сили на Хамас во Рафах...

Нов напад врз бегалски камп во централниот дел на Газа, има жртви и повредени. Израелската армија соопшти дека уништила околу половина од борбените сили на Хамас во Рафах.

Илјадници демонстранти излегоа синоќа на улиците во Ерусалим, повикувајќи на предвремени избори и ослободување на заложниците од Газа.

Полицијата се судри со толпата пред приватната резиденција на израелскиот премиер Нетанјаху, има повредени и уапсени. Властите употребија водени топови.