Олимписките игри

Безбедносни мерки пред започнувањето на Олимписките игри во Париз

18.06.2024 11:47

Франција ги финишира безбедносни мерки пред церемонијата за отворање на Олимписките игри во Париз на 26-ти јули. Армијата ќе патролира низ градот, а од воздух ќе набљудуваат хеликоптери...

Франција ги финишира безбедносни мерки пред церемонијата за отворање на Олимписките игри во Париз на 26-ти јули. Армијата ќе патролира низ градот, а од воздух ќе набљудуваат хеликоптери.

Патеката на парадата ќе биде зона со високо обезбедување. Секој што сака да влезе во зоната ќе треба однапред да се регистрира и ќе биде подложен на административна истрага.

На туристите нема да им биде овозможен бесплатен пристап на денот на отворањето поради безбедносни причини.