Правосудство

Камбовски и Лимани дадоа свечена изјава како нови членови на Судскиот совет

19.06.2024 12:39

Во Собранието денеска новоизбраните членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши...

Во Собранието денеска новоизбраните членови на Судскиот совет Исамедин Лимани и Александар Камбовски дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши.

Судијата од Врховниот суд Исамедин Лимани и судијата од Апелационен суд Битола Александар Камбовски беа избрани на 6 јуни годинава откако судиите гласаа за кандидатите од своето апелациско подрачје. За Лимани гласале седум судии, а Камбовски беше избран за член на Судскиот совет со вкупно освоени 28 гласа.

Согласно Законот за судски совет членовите на Советот од редот на судиите имаат мандат од шест години, со право на уште еден избор по истекот на најмалку шест години од престанокот на претходниот мандат во Судскиот совет. Тие на овие позиции доаѓаат по најавите на новата Влада дека планира распуштање на Судскиот совет.