Време

Македонија во портокалова фаза

19.06.2024 13:14

Земјава влезе во портокалова фаза, а со тоа стапија во сила и препораките за внимателност при движење, особено за најранливата категорија на граѓани...

Летото сè уште не е почнато, но во следниот период нè очекуваат пеколни температури. Земјава влезе во портокалова фаза, а со тоа стапија во сила и препораките за внимателност при движење, особено за најранливата категорија на граѓани.

Од Владата информираа дека се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи граѓани, бремените жени и лицата на возраст над 60 години. Се препорачува и во градинките да не се практикува физичка активност, а децата да не се изнесуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи треба да овозможат помош за осамените, старите, изнемоштените и бездомните лица. Се потсетуваат и работодавците на обврската за почитување на законските прописи во период на портокалова фаза.

За тоа колку високи температури нè очекуваат во следниот период, од УХМР известува Ана Јосифовска-Тодоровска.