Македонија

Блокирана депонијата, ќе се затрупа ли Куманово во смет?

19.06.2024 13:32

Втор ден е блокирана кумановската депонија. Жителите на Пчиња и околните села не дозволуваат влез на камионите на комуналното претпријатие, бараат решение за депонијата…

Чад и натаму излегува од депонијата во кумановско. Жителите денеска го блокираа локалниот пат и не дозволуваат да се депонира смет. Депонијата „Краста“ е единствената во кумановско, каде јавното претпријатие го носи сметот. Известува Елена Георгиевска.