ЦУК

Пожар се шири накај валандовското село Марвинци

19.06.2024 15:25

Пожар избувнал попладнево во близина на валандовското село Марвинци, информираат од Центарот за управување со кризи...

Пожар избувнал попладнево во близина на валандовското село Марвинци, информираат од Центарот за управување со кризи.

Како што велат оттаму, гори сува трева, на терен се излезени три противпожарни возила и осум пожарникари и на помош се повикани од ТППЕ Гевгелија со едно ПП возило и три пожарникари.

Постои опасност пожарот да се прошири накај селото, а во близина на пожарот има штали.

Во моментот има уште еден активен пожар на територија на општина Валандово во село Чалаклија.