Битола

Почина новороденче при транспорт од битолската болница кон скопската Детска клиника

19.06.2024 16:23

Новородено бебе починало во битолската болница, кое веднаш било пренесено на Клиниката за детски болести в Скопје, но без знаци за живот. Таткото бара одговорност, телото е предадено на обдукција...

Кратко, за жал, траеше радоста од втората рожба на ресенската брачна двојка Китаноски. Само по 30 часа, возбудата од детскиот плач згасна по веста дека лекарите од нив бараат потпис за транспорт до скопските клиники. Таткото револтиран, затоа што 18 часа не добил конкретна информација за состојбата.

Од битолската Клиничка болница велат дека до утринската визита состојбите со сега мртвото бебе биле во ред, состојбата драстично се влошила во саботата околу 15 часот. Од скопската Клиника додаваат дека бебето кај нив било однесено без знаци на живот.

Мртвото тело е веќе дадено на обдукција, која треба да ги даде вистинските причини за смртта. Родителите децидни дека правдата ќе ја бараат преку релевантни институции.

 

Александра Максимовска