Портокалова фаза

Велес најтопол град, измерени рекордни 40 степени

19.06.2024 18:20

Денеска во Македонија беше сончево и многу топло.

Денеска во Македонија беше сончево и многу топло, со мала локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Најтопол град денеска е Велес, каде температурите достигнаа 40 степени.

Во продолжение пресек до 17 часот според УХМР:

24 степени во Попова Шапка, 28 степени во Крушево, 29 степени во Лазарополе, Маврови Анови, 32 степени во Берово, Охрид, Претор, 34 степени во Крива Паланка, Прилеп, 35 степени во Тетово, 36 степени во Битола, 37 степени во Виница, 38 степени во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Гевгелија, 39 степени во Кавадарци, Демир Капија, 40 степени во Велес.