Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите
21.06.2024 17:23
Македонскиот ракомет немаше рејтинг за шампионот да добие директно место во елитата, но, сепак, ЕХФ го препозна проектот на Еурофарм Пелистер и му додели вајлд-карта.

Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на „вајлд-карти“ за новата сезона од Лигата на шампионите, а ракометниот клуб Пелистер е меѓу оние кои добија, соопштија од битолскиот клуб.
Македонскиот ракомет немаше рејтинг за шампионот да добие директно место во елитата, но, сепак, ЕХФ го препозна проектот на Еурофарм Пелистер и му додели вајлд-карта.
Покрај македонскиот првак, покани за Лигата на шампионите добија Келце, ПИК Сегед, Нант, Динамо Букурешт и Загреб.
Ждрепката за групната фаза во Лигата на шампионите ќе се одржи во Виена на 27 јуни.