Свет

Пожар во фабрика за батерии во Јужна Кореја, над 20 загинати

24.06.2024 18:20

Пожарот избувнал во изутрината откако серија батериски ќелии експлодирале во магацин со околу 35.000 единици.

Над 20 работници загинаа во силна експлозија во фабрика за литиумски батерии во Јужна Кореја по што избувна пожар. Повеќето од загинатите се кинески државјани.

Пожарот избувнал во изутрината откако серија батериски ќелии експлодирале во магацин со околу 35.000 единици.

Нејасно е што ја предизвикало експлозијата.