Сцена

Националниот џез оркестар заедно со Рамбо Амадеус на три концерти во Хрватска

24.06.2024 20:10

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус...

Националниот џез оркестар продолжува со своите концертни настапи надвор од нашата земја, овој пат најавувајќи три концерти во Хрватска на кои ќе настапи заедно со Рамбо Амадеус.

Оваа мини турнеја низ Хрватска започнува на 25 јуни кога Оркестарот ќе настапи во Тврдината Св. Миховила, Шибеник.  По настапот во Шибеник, следува концертот на 28 јуни, во рамки на првото издание на фестивалот Island Vis Music Breeze, кој ќе се одржиод 28 до 30 јуни на полуостровот Приро во Хрватска.  Третиот концерт ќе се одржи во Хрватскиот народен театар во Сплит, една од најреномираните културни институции во регионот, на 1 јули.

Публиката во Хрватска ќе има можност да проследи дел од композициите на Рамбо Амадеус, изведени во аранжмани за биг бенд состав. Аранжманите изработени од страна на членовите на биг бендот ги претвараат овие композиции во вистински ремек дела.

 

Фото: Facebook/ Национален џез оркестар / National Jazz Orchestra