Свет
Предупредувања за можноста за проширување на војната во Газа
25.06.2024 09:33
Вашингтон ќе побара од Тел Авив да развие силен и реален план за управување со Газа кога ќе заврши војната, соопшти американскиот Стејт департмент.

САД и Европа предупредуваат на можноста за проширување на војната во Газа, по израелска офанзива во Либан против Хезболах, поддржана од Иран.
Вашингтон ќе побара од Тел Авив да развие силен и реален план за управување со Газа кога ќе заврши војната, соопшти американскиот Стејт департмент.
Секретарот Блинкен денеска е домаќин на израелскиот министер за одбрана Галант. Средбата е со цел да се избегне понатамошна ескалација на конфликтот во Газа и да се подобри хуманитарниот пристап.
