Свет

Украина: Не стивнуваат нападите, жртви и повредени во Покровск

25.06.2024 09:45

Жртви и повредени во руски напад на Покровск, а мета беше и Одеса. Украинскиот претседател Зеленски го разреши командантот на здружените сили.

Не стивнуваат нападите врз Украина. Жртви и повредени во руски напад на Покровск, а мета  беше и Одеса. Украинскиот претседател Зеленски го разреши командантот на здружените сили.

Владите на ЕУ се согласија да искористат 1,4 милијарди евра замрзнати руски средства за купување оружје и друга помош за Украина идниот месец и уште толку до крајот на годината.

Будимпешта ги обвини за кршење на правилата и заобиколување на унгарските приговори.

Москва најави дека на 14-от пакет санкции на Европската унија ќе одговори со проширување на црната листа односно забрана за пристап на лица во Русија.