Свет
ЕУ ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија
25.06.2024 10:20
Европската комисија на 7-ми јуни препорача отворање на пристапните преговори со овие две земји и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.

Европската унија официјално ги започнува пристапните преговори со Украина и Молдавија.
Европската комисија на 7-ми јуни препорача отворање на пристапните преговори со овие две земји и оцени дека тие се доволно подготвени за формално отворање на процесот кој ќе доведе до членство во ЕУ.
Украина и нејзиниот сосед Молдавија ги поднесе своите кандидатури за пристап во ЕУ веднаш по нападот од Русија во февруари 2022 година.
