КИНА

Кинеската лунарна сонда донесе примероци од темната страна на Месечината

25.06.2024 12:17

Според научниците, примероците би можеле да дадат клучни одговори, како се формирале планетите...

Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“се врати на Земјата со првите примероци, некогаш собрани од темната страна на Месечината.

Според научниците, примероците би можеле да дадат клучни одговори, како се формирале планетите.

„Ченги-6“ беше лансиран во почетокот на мај и успешно слета неколку недели подоцна во кратер близу јужниот пол на Месечината.

Кина е прва земја која успеа да направи ваков научен подвиг.