Николовски: Обвинителството да го испита работењето на Железници и ЈП за државни патишта
Државниот ревизор вчера излезе со критики за капиталните инвестиции во изминатите години. Во извештајот нотираа дека недостигаат точни податоци за јавните инвестиции, а проектите се одвивале бавно или не се реализирале. Денеска, министерот за транспорт, Николовски, побара Обвинителството да го испита случајот со Македонски Железници и ЈП за државни патишта …

Јавното обвинителство да го испита работењето на Македонски Железници и на Јавното претпријатие за државни патишта за тоа како се трошеле државните пари и зошто не се готови почнатите проекти, побара министерот за транспорт и врски, Александар Николоски.
Според Николоски, за автопатот Кичево-Охрид вредноста е зголемена за дури 175 милиони евра, со тие пари вкупно се потрошени 446 милиони и по 10 години, ништо не е завршено. Слична е ситуацијата и со железничката пруга, Коридор 8.
По промена на раководството во Јавното претпријатие за државни патишта, министерот најави дека ќе побара декласифицирање на Договорот со „Бехтел и Енка“ за делниците на Коридорите 8 и 10 Д.
Борис Грујоски
