Главчев: Бугарија ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди заклучоците за Македонија
Очекувам дека ќе се почитуваат ангажманите и затоа ќе ги потсетам колегите какви обврски беа преземени- изјави бугарскиот премиер...

На редовниот состанок во Брисел, Бугарија ќе инсистира Европскиот совет да ги потврди заклучоците за Македонија и да ја повика земјата да ги почитува преземените обврски за да продолжи на својот пат кон Европската унија.
„Очекувам дека ќе се почитуваат ангажманите и затоа ќе ги потсетам колегите какви обврски беа преземени уште на 18 јули 2022 година, кога беше пошироката рамка која е патоказ за прием на Северна Македонија. Во декември 2023 година бевме поконкретни и фокусот беше на уставните измени. Во последно време видовме изјави од партиски лидери и шефови на влади од Северна Република Македонија дека нема да има такви измени“, изјави привремениот бугарски премиер Главчев.
Во Брисел се одржува дводневен самит на лидерите на ЕУ.
