МНР

Средба Муцунски - Агелер

27.06.2024 17:50

Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата, министерот Муцунски ги потенцираше програмските активности на владата во делот на надворешната политика и надворешната трговија и определбата на владата за брзо дејствување во насока на спроведување на неопходните реформи, потребни за забрзување на интегративниот процес.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денес оствари работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.

Како што соопштуваат од МНР, во рамки на средбата, министерот Муцунски ги потенцираше програмските активности на владата во делот на надворешната политика и надворешната трговија и определбата на владата за брзо дејствување во насока на спроведување на неопходните реформи, потребни за забрзување на интегративниот процес.

Двете страни разменија мислења за активностите во рамките на Стратешкиот дијалог со САД, поддршката за реализирање на владините приоритети во борбата против корупцијата, обезбедување зголемен економски раст и привлекување странски инвестиции, соработката во енергетскиот сектор и во развојот на инфраструктурата.

Министерот Муцунски упати благодарност за долгорочната поддршка од Соединетите Американски Држави за севкупните реформски процеси нагласувајќи дека земјата посветено ќе продолжи да работи на спроведувањето на сите неопходни реформи со крајна цел полноправно членство во ЕУ, соопштуваат од МНР.