Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски на средба со новиот министер за локална самоуправа Перински
Како челник на здружението кои ги застапува сите единици на локалната самоуправа тој со новиот министер дискутираше за актуелните состојби и потребите кои ги имаат општините, фокусирајќи се на предизвиците со кои се соочуваат.

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со новиот Министер за локална самоуправа Златко Перински.
Како челник на здружението кои ги застапува сите единици на локалната самоуправа тој со новиот министер дискутираше за актуелните состојби и потребите кои ги имаат општините, фокусирајќи се на предизвиците со кои се соочуваат.
Имено, градоначалникот Ѓорѓиевски го информираше министерот дека во последниве неколку седмици остварил повеќе поединечни средби со градоначалниците од различни општини и ги нотирале заедничките проблеми кои ги имаат, со цел што побрзо и поефикасно да се надминат.
Истакна дека сега, кога државата има нова централна власт, е оптимист дека состојбата значително ќе биде променета и дека очекува одлична соработка на општините со Владата и Министерствата, пред се со Министерството за локална самоуправа кое има поголеми надлежности во оваа сфера.
Од новиот Министер Перински тој доби уверување дека соработката со локалната самоуправа ќе биде на одлично ниво и дека граѓаните наскоро ќе го почувствуваат бенефитот од таа соработка.
