Невреме

Поплавени две хируршки сали во ГОБ „8 Септември“

27.06.2024 18:36

До поплавување на операционите сали дошло откако покривните одводи не успеале да ја соберат целата надојдена атмосферска вода...

Две хируршки сали во Градската општа болница „8 Септември“ се поплавиле по синоќешното невреме во Скопје кое беше проследено со обилни врнежи од дожд и силен ветер.

Директорот на болницата, Христијан Костов, за МИА вели дека последиците од невремето се санираат, а во меѓувреме се работи во две други операциони сали на приземјето на болницата.

До поплавување на операционите сали дошло откако покривните одводи не успеале да ја соберат целата надојдена атмосферска вода и дошло до протекување меѓу двете операциони сали.