Интензивен пороен дожд и грмежи во Тетово и Скопје
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска времето ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.

Нестабилна воздушна маса од запад и северозапад е навлезена во Скопската котлина, а во моментов подрачјето на Тетово е зафатено од интензивен пороен дожд и грмежи. Правецот на движење на нестабилната маса е кон исток и североисток.
Поголема нестабилност има во источниот дел на Пелагонија и делови од Мариово. Правецот на движење е кон североисток, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека денеска времето ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи.
На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време, над 30 литри на метар квадратен, грмежи, силен ветер, кој ќе достигне и над 60 километри на час и град.
