Концерт на ФАМЕ’С Институтот на „Скопско лето“

05.07.2024 10:12

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика.

Концертот на ФАМЕ’С Институтот на Скопско лето кој ќе се одржи в сабота, на 6-ти јули во Сули ан со почеток во 20:30 часот е дел од програмата на јубилејното 45-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“.

Оркестарот на ФАМЕ’С Институтот, кој го сочинуваат млади талентирани музичари од цела Европа, ќе има можност на овој концерт да настапи заедно со светски признатиот диригент Конрад ван Алфен, веќе познат на нашата публика.

Огромно е задоволството што сме домаќини на популарниот Џез саксофонски квартет „АРТВАРК“ од Холандија, чијашто музика ќе биде изведена на овој концерт, велат од „Скопско лето“.

Покрај композициите напишани од членовите на „АРТВАРК“ квартетот, на програмата на овој концерт ќе биде изведен и Концертот за гудачи од Нино Рота.