Клупите повеќе нема да служат само за седење
Ќе може да си наполнете телефон, таблет и лаптоп

"Телефонот не служи само за телефонирање. Зошто тогаш клупите да служат само за седење?" - гласи реченицата која ја инспирира Џута Фридрих да одлучи да направи клупи кои покрај за седење ќе служат и за полнење на мобилните телфони, таблети и лаптоп компјутери.
Клупата се нарекува „Soofa" и се дело на компанијата „Changing Environments“, а истите ќе бидат опремени со соларен полнач со кој преку USB ќе можат да се наполнат електронските уреди.
Привелегијата за прв пат да седнат на вакви клупи ќе ја имаат граѓаните на Бостон и Кембриџ, за што е направена и посебна веб страна кој ќе ја дава точната нивна локација, како да се дојде до нив и дали над одредената клупа ќе биде сончево во наредните неколку часа.
- Сакаме да создадеме нешто нови и да уживаме во ново заедничко искуство - вели Џута Фридрих за овој нов технолошки изум.
Тој додава дека компјутерите ги тргнаа луѓето од улиците, па клупите ги замислуваат како место на кое ќе можат да се соберат додека ги користат своите мобилни уреди.
Компанијата Циско се понудила бесплатно да се грижи за поставување и одржување на овие клупи.
