Македонија

Пентагон: Северна Македонија и Грција да го остават спорот надвор од НАТО

06.07.2024 12:39

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави за Гласот на Америка на македонски главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд...

САД силно го поддржуваат Договорот од Преспа и се надеваат дека билатералните спорови ќе останат надвор од НАТО, изјави за Гласот на Америка на македонски главниот директор за Европа и НАТО во Пентагон, Олтон Бјуланд. За коментар по последните реакции од Атина и ставовите на Сиљановска-Давкова и Мицкоски за Преспанскиот договор, Бјуланд топката ја префрла во Стејт департментот.