Продолжија работите на реконструкција на театарот во локалитетот Стоби
Се помалку пари, се помалку време се посветува на реконструкцијата и реставрацијата на најатрактивниот објект на локалитетот Стоби-античкиот театар. Годинава при работите откриена плоча, која била вградена во обновата на ходниците, а посветена на македонијархот Септимиј Силван...

Летово продолжија работите за конзервација, реставрација, реконструкција и археолошки истражувања на театарот, највпечатливиот и најатрактивен објект на локалитетот Стоби. Се работеше на три активности.
Во текот на работите при конзерваторските зафати на радијалниот ѕид, секундарно вграден во доцноантичка обнова, откриена е плоча со натпис. Таа е од 3-от век и е посветена на познатиот македонијарх Септимиј Силван Николај и го подигнале неговите потомци Септимиј и Хелвиан.
За разлика од претходните години, кога работите на театарот во Стоби траеја цело лето, годинава завршија бргу по само 20 дена, поради малиот фонд на финансиски средства одвоени од Министерството за култура, за работа на објектот.
Петар Печков
