МВР
Едно лице задржано во станица по убиството во Тетово, се вршат претреси на повеќе локации
07.07.2024 11:15
МВР информира дека забрзано работи на расветлување на убиството во Тетово...

МВР информира дека забрзано работи на расветлување на убиството во Тетово.
Едно лице е задржано во полициска станица на информативен разговор. Извршени се и претреси на три локации во селото Гајре, при што се обезбеди предмети кои може да помогнат во случајот.
Во операцијата е вклучена крим полицијата при Бирото за јавна безбедност.
Се преземаат дополнителни мерки за пронаоѓање на осомничениот кој ноќта во петокот, од возило во движење пукаше и го усмрти 39-годишникот, кој се наоѓал во неговиот автомобил.
