Приватните превозници и натаму возат редуцирано
Дел од приватните автобуси и натаму возат редуцирано, до 11 часот. Најавуваат дека во вторник ќе носат конечна одлука дали ќе продолжат со редовниот возен ред или пак е можно целосно да го прекинат превозот...

Дел од приватните превозници во Скопје и натаму возат само до 11 часот. Велат, трошоците растат, а долгот не им се исплаќа. Најавуваат дека од вторник ќе ги радикализираат протестите доколку не остварат средба со новиот директор на ЈСП и не им се исплатат заостанатите средства.
Граѓаните со поделени мислења, едни ги поддржуваат, други се револтирани поради сообраќајниот хаос, но сите очекуваат дека ќе се најде решение за проблемот во јавниот превоз.
Од ЈСП негираат дека долгот надминал 2 милиони евра, како што тврдат приватните превозници.
Деновиве дел од нив добиле ветување од претходниот директор на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, кој беше разрешен, дека заостанатите средства ќе им се исплаќаат постепено и дека до септември целосно ќе им бил исплатен долгот кон приватниците.
Градоначалничката Данела Арсовска смета дека град Скопје може да функционира и без приватни автобуски превозници.
Александра Спировска
