Шпанија прв финалист на ЕВРО 2024

10.07.2024 10:19

Во финалето, избраниците на Луис де ла Фуенте ќе играат со победникот од мечот Холандија - Англија, кој ќе се игра вечерва во Дортмунд.

Репрезентацијата на Шпанија ја победи Франција со 2:1 и стана прв финалист на ЕВРО 2024.

Французите го отворија резултатот во 9 минута, преку Рандал Коло-Муани. Овој гол беше првиот и единствен гол за францускиот тим од игра на Европското првенство во Германија.

Шпанија изедначи со голот на Ламин Јамал во 21 минута. 16-годишниот Шпанец стана најмладиот голгетер во историјата на ЕП и на Светските првенства. Стрелец на победничкиот гол беше Дани Олмо во 25 минута.

Во финалето, избраниците на Луис де ла Фуенте ќе играат со победникот од мечот Холандија - Англија, кој ќе се игра вечерва во Дортмунд.

Финалето на ЕП 2024 ќе се одржи на 14 јули на Олимпискиот стадион во Берлин.