МВР
СВР Скопје продолжува со засилено полициско присуство
20.07.2024 10:54
Полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.

Во текот на изминатата вечер во периодот од 18.00 до 02.00 часот полициски службеници од СВР Скопје продолжија со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на територија на СВР Скопје, преку превентивно присуство на полицијата.
При тоа приведено е едно лице поради нарушување на јавниот ред и мир, а била спроведена и сообраќајна контрола при што санкционирани биле 28 возачи, 14 возила биле отстранети со специјално возило Пајак.
Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.
