Топлото време го зголеми бројот на цревни инфекции
Топлото време го зголеми ризикот од појава на цревни инфекции. На инфективното одделение при кумановската болница периодов има голем број пациенти кои имаат мака со стомакот...

Летниот период и високите температури го зголемија бројот на пациенти со цревни инфекции. Инфективното одделение при кумановската болница бележи зголемување на бројот на пациенти со мака со стомакот. Бројката се движи и по 100 пациенти дневно. Симптомите информираат се гадење, повраќање, дијареја, покачена температура. Најпогодени се ранливите групи, како и децата и возрасните над 60 години.
„Менување на средина, патувањата, дружби, собирање на поголем број луѓе, консумирање на храна надвор од дома, пиење непроверена вода, и мувите како пренесувачи на истите. Тие се причините и за зголемен број, особено консумирање на храна неадекватно обработена, чувана, со незапазен рок и тука се и личните за хигиена на раце“, истакна д-р Валентина Џартовска, инфективно одделение Куманово.
Кумановци велат периодов значајно внимаваат на храната.
Лекарите апелираат да се внесува и поголема количина течности.
Освен цревни инфекции на Инфективното одделение при кумановската болница периодов регистрираат и поголем број на бронхопневмонии.
Елена Георгиевска
