КАНАДА

Намален квалитетот на воздухот поради пожарите

25.07.2024 10:21

Пожари во Калифорнија, Орегон, Аризона, Вашингтон, како и во Канада, го исполнија небото во регионите на западниот дел на САД со чад и магла...

Пожари во Калифорнија, Орегон, Аризона, Вашингтон, како и во Канада, го исполнија небото во регионите на западниот дел на САД со чад и магла.

Некои области издадоа предупредување за квалитетот на воздухот.

„Иако во моментов имаме над 177 шумски пожари во областа за заштита на шумите, над 55 од нив се класифицирани како надвор од контрола. Како што врнежите од дожд носат молњи, гледаме дека започнуваат нови пожари во различни области на покраината“, изјави Мелиса Стори, офицер за информации во Алберта.

Во Канада активни се околу 170 шумски пожари само во Алберта.