РУСКО-УКРАИНСКИ КОНФЛИКТ

Продолжуваат битките на украинскиот фронт

25.07.2024 12:07

На фронтот во Украина продолжуваат битките. Киев синоќа беше цел на напади со беспилотни летала од различни правци...

На фронтот во Украина продолжуваат битките. Киев синоќа беше цел на напади со беспилотни летала од различни правци.

Украинскиот министер за надворешни работи Кулеба, ден по разговорите во Кина, изјави дека Киев е подготвен да разговара со Русија, доколку суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина не бидат доведени во прашање.

Од Кремљ велат дека изјавата на Кулеба е во согласност со рускиот став, но им требаат повеќе детали. Во меѓувреме, рускиот претседател оствари средба со сирискиот колега Башар Ал Асад, за актуелните прашања со кои се соочува Блискиот Исток.