Временска прогноза

Сончево и многу топло

02.08.2024 08:00

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност...

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 40 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 9.

Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 39 степени.