МВР: 170 санкционирани возачи изминатиот викенд на подрачје на СВР Битола
Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 17 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 18 прекршоци за некористење на кацига, информираат од МВР.

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.