Регион

Србија ќе го испрати првиот сателит во орбитата

05.08.2024 12:31

Покрај набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, сателитот наречен „Мозаик“ ќе има уште неколку мисии меѓу кои и телекомуникациски...

Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во орбитата, приклучувајќи се на групата од 106 земји кои веќе имаат вселенски програми.

Покрај набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, сателитот наречен „Мозаик“ ќе има уште неколку мисии меѓу кои и телекомуникациски.

Како што наведуваат српските медиуми првиот српски сателит „Мозаик“ треба да биде лансиран во вселената следната година, со идеја да остане во орбитата помеѓу две и три години.

Во проектот за лансирање на сателитот „Мозаик“, чиј комуникациски систем го изгради Институтот „Михаило Пупин“, се вклучени и професори и доктори од Математичкиот и Електротехничкиот факултет и Институтот за физика.

Српскиот научен сателит ќе помине околу две и пол години во орбитата, по што целосно ќе изгори при повторното влегување во атмосферата.