Правда

Средба Филков-Хаџиу

05.08.2024 18:51

На средбата договорија заедничка средба меѓу двете министерства во септември за продолжување на дискусијата и активностите за прашања од заеднички интерес...

За време на официјалната посета на премиерот на Косово на Република Северна Македонија, министерот за правда Игор Филков, се сретна со Министерката за правда на Косово, Албулена Хаџиу, со која договорија заедничка средба меѓу двете министерства во септември за продолжување на дискусијата и активностите за прашања од заеднички интерес. 

Се согласија за меѓусебна поддршка во решавањето на приоритетите поврзани со владеењето на правото.