Одбележани 23 години од загинувањето на осумтемина резервисти на АРМ кај Љуботенски бачила
23 години од загинувањето на осумтемина резервисти на АРМ кои кај месноста Љуботенски Бачила, 23 години сеќавања …

Чекав да си дојде дома, ама тој никогаш не се појави. Во 8 часот и 30 минути заѕвони телефонот, ми ја соопштија лошата вест. Син ми загинал. Ме облеа студена пот. Благица, мајката на Ивица Златевски вели дека сè уште сама зборува „со него“ во дневната соба. Тој е еден од осумтемина резервисти на АРМ кои загинаа кај месноста Љуботенски Бачила. По 23 години од загинувањето, сеќавањата сè уште свежи.
На повеќе локации во Скопје, делегации положија свежи цвеќиња во чест на загинатите бранители.
И преживеаните бранители се сеќаваат на кобното утро кај Љуботенски Бачила.
Генералот Стојанче Ангелов е оптимист дека новата Влада ќе направи повеќе за овие бранители.
Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот предводени од началникот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, положија свежи цвеќиња на спомениците на паднатите бранители.
На 10 август 2001 година, воено товарно возило на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на мина при што животите ги загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, припадници на резервниот состав на Армијата.
Борис Грујоски
