Албанската опозиција со свечена академија за годишнината од Охридскиот договор
Паралелен настан на одбележување на годишнината од Охридскиот договор одржа и албанската опозиција. Го наслови „Академија на легитимитет“. Покрај констатацијата дека договорот претставува камен темелник на мирот и стабилноста, ДУИ во преден план се осврна на тоа дека со неа не е направена новата влада, што ја прави нелегитимна.

Со свечена академија за годишнината од Охридскиот договор, Европскиот фронт повторно порачаа дека треба да се во власта. Останаа на мислењето победник со победник. За владејачката структура, рекоа дека е нелегитимна. Заедно со македонската заедница државата ќе биде посилна, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој се пожали дека Албанците не учествувале во приватизацијата.
Основа на Охридскиот договор е мирот, порача Зијадин Села. Се боревме за права и дигнитет, рече тој.
Во следните денови, велат од ДУИ ќе се разговара за мислењето на американскиот експерт за тоа, дали е прекршен Охридскиот договор со тоа што ДУИ не е во власта. Се вели дека флагрантното прекршување и игнорирање на политичката и изборна волја на втората по големина заедница во земјата, албанската, како и на малцинските заедници, е во спротивност со амандманот во на Уставот на Северна Македонија и со принципот на правично претставување.
Миле Ристески
