Седница на Влада

Влада: Продолжена кризната состојба заради пожарите

13.08.2024 17:00

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите. Укинато е и зголемувањето на нотарските тарифи...

Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите.

Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за намирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека 10,5 милиони се за покривање на трошоците за сместување, храна и транспорт за персоналот при престојот во државава на странската помош за справување со пожарите, соопштија од владината прес-служба.