Работодавците бараат законски измени за увоз на работници од странство
Иако увозот на работници од странство засега не ги дава очекуваните резултати и за дел од нив Македонија е начин да продолжат до европските држави. Овој процес не треба да запре, смета бизнис заедницата. Проблемот е ист во сите балкански држави, заради значително пониските плати кај нас во однос на европските...

Увозот на работна сила не смее да престане и покрај тоа што за дел од странските работници во најголем дел од Непал и Бангладеш, Македонија е транзитна дестинација до европските земји. Ова е ставот на работодавците кои очекуваат законски измени со кои ќе се поедностави постапката за увоз на работници.
Околу осум илјади работници од странство има во државата, главно во градежниот, угостителскиот и преработувачкиот сектор. Работодавците очекуваат постапката за увоз на работници да се поедностави и со едно барање странците аплицираат и за престој и за работна дозвола, за да се намали периодот од доаѓање на работникот овде до неговиот работен ангажман.
Синдикатите пак со апел, Владата да донесе мерки за да ги задржиме нашите работници.
Славица Величковска
