Тачи и Ахмети на средби со амбасадорите на САД и ЕУ

08.07.2014 20:05

Мендух Тачи за случувањата со судскиот процес „Монструм“ го обвини ДУИ...

Лидерот на ДПА за случувањата го обвинува ДУИ, зашто, како што вели само ветуваат, а не остваруваат. Луѓето имаат право да протестираат смета Тачи, но апелира тие да бидат мирни, зашто насилничкото однесување и употребата на сила не одат во прилог на албанците.

„Судската одлука треба на сите да ни биде доставена, да видиме дали навистина постојат или не аргументи за такви казнувања. Овој процес ќе биде кредибилен, според нашето мислење ако повторно се вратиме на нулта позиција“ рече Мендух Тачи.

Прашан за обвинувањата дека тој и неговата партија стојат зад протестите, одговори, „нема врска“.

Претходно се оствари средба и на претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети со евроамбасадорот Орав. Дипломатот нагласил дека официјален Брисел заедно со претставниците на меѓународната заедница во земјава со внимание ги следат настаните во Македонија поврзани со овој случај.

Според партиското соопштение, Ахмети изразил очекување Апелацискиот суд да ги земе предвид сите општествени сомнежи во врска со случајот Монструм и дека ќе одлучи праведно. Овој процес треба да се наглдедува од искусни ексепрти од меѓународната заедница кои што ќе имаат целосен пристап врз целиот процес и сите докази истакнал Ахмети, стои до дописот до медиумите.

Наташа Гркова-Петрушевска