Временска прогноза

Сончево со мала до умерена облачност

22.08.2024 08:20

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне, претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. УВ индексот ќе изнесува 7.

Минималните температури ќе бидат во интервал од 12 до 19, а максималните ќе достигнат од 29 до 36 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.