Град Скопје
Новиот план на Арсовска пред советниците
22.08.2024 08:39
Данела Арсовска обвини дека проблемот е политички, поради блокадата на градските советници, што предизвика низа реакции од партиите...

Градоначалничката на метрополата треба да ги претстави своите планови за излез од кризата на ЈСП и на Комунална хигиена. Данела Арсовска обвини дека проблемот е политички, поради блокадата на градските советници, што предизвика низа реакции од партиите.
Се очекува на денешната седница, Арсовска да го претстави новиот план пред 45 советници на Град Скопје, а доколку биде одобрен, тогаш претпријатијата ќе можат да се вратат во нормала.
