Надминат проблемот со водата во Куманово

09.07.2014 13:02

Договорено било и со помош на програмите на Министерството за земјоделство да следуваат зафати на Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација на хиросистемот...

Кумановци ќе плаќаат 4,8 денари за метар кубен вода со ДДВ. Ова е цената која во Скопје денеска ја  договорија министерот за земјоделство Михаил Цветков, градоначалникот Зоран Дамјановски и директорите на Кумановско-Липковско Поле, Филип Филиповски и на Водовод Куманово, Филип Филиповски и Горан Стојковски. Со овој договор се решава долгогодишниот проблем со водоснабдување на Куманово.

Договорено било и со помош на програмите на Министерството за земјоделство да следуваат зафати на Кумановско Липковско поле за санација и ревитализација на хиросистемот.

Водостопанство Кумановско Липковско Поле има обврска за непречена дистрибуција на вода преку алтернативни цевководи, а Водовод Куманово се задолжува за редовно плаќање на фактурите и сервисирање на старите долгови спрема водостопанството.