стандард

Повисок минималец меѓу ветувањата и можностите

23.08.2024 13:34

Работниците се потешко врзуваат крај со крај. Економисти предупредуваат – ниските плати влијаат на продуктивноста, да се најде решение...

Откако се појавија искри меѓу власта и Синдикатот за барањето на ССМ да се исполни ветувањето за минимална плата од 450 евра, на што премиерот одговори дека тоа не е предвидено со ребалансот на Буџетот, прашањето остана да лебди меѓу предизборните најави и можностите на државната каса. Работниците се потешко врзуваат крај со крај. Економисти предупредуваат – ниските плати влијаат на продуктивноста, да се најде решение. Александра Велинова побара одговори од професорот Јован Пејковски.