Поевтинуваат услугите на катастарот
„По завршувањето на потребната законска постапка, граѓаните наскоро ќе можат да ги добијат услугите на Агенцијата по значително пониски цени“, изјави директорот Живковски.

Услугите за катастарот поевтинуваат и до 75 проценти. Предложена е промена на тарифникот, што според директорот на агенцијата ќе значи заштеда на граѓаните до милион евра годишно.
„По завршувањето на потребната законска постапка, граѓаните наскоро ќе можат да ги добијат услугите на Агенцијата по значително пониски цени“, изјави директорот Живковски.
Според него, доколку сега се склучи договор за купопродажба на стан, потребно е да се изврши упис во катастарот на четири имотни листа – за станот, земјиштето под зградата, заедничките простории и паркинг-местото. Во моментот за оваа услуга се плаќа 5.000 денари, но со предложените измени, цената ќе се намали на 1.250 денари по правен основ.
Живковски исто така најави намалувања и во случаите на оставински постапки и договорите за подарок, каде што наплатата ќе биде 1.250 денари по правен основ за една катастарска општина, без разлика на бројот на имотните листови.
