Обичните прозорци се трансформираат во соларни панели
Технологијата е развиена на основа на фотоелементи од органски молекули кои генерираат енергија од инфрацрвената светлина и го пропуштаат видливиот спектар на светлината...

Обичните прозорци ќе можат да се користат како соларни панел за производство на еликтрична енеригија, благодарејќи на развојот кој се спроведува на Институтот за технологија во Масачусец (МИТ). Користењето на обичните прозорци како соларни панели нема да го наруши нормалното пробивање на светлината низ прозорците, односно осветлувањето на просториите.
Технологијата е развиена на основа на фотоелементи од органски молекули кои генерираат енергија од инфрацрвената светлина и го пропуштаат видливиот спектар на светлината. Фотоелементите се изолирани од контакт со воздухот со помош на обично стакло кое се наоѓа од двете страни на фотоелементите.
При досегашните обиди за создавање на транспарентни соларни елементи се постигнуваше или многу низок КПД (под 1% од целата привлечена светлина) или значително намалување на пропуштена светлина, што е неприфатливо за прозорците.
Истражувачите од MИТ успеале да создадат клетки со уникатен хемиски состав кои при делумна интеракција со рефлективен слој обезбедуваат висока пропусна моќ за видливата светлина и имаат многу добра ефикасност.
Развојот се уште се наоѓа во рана фаза, но потенцијалот е многу голем. Се очекува сончевите прозорци да ги достигнат показателите на сегашните комерцијални соларни панели.
